Тошковски се огласи за Груби: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран!

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку видео порака се обрати на СДСМ по повод бегството на Артан Груби. Тој изјави дека МВР располага со видео материјал кој јасно покажува прекршување на закон и процедури од страна на полициски службеник во моментот кога Груби избегал.

Според Тошковски, МВР ги обезбедило сите докази и доставило известување до Обвинителството, а кривична пријава ќе биде поднесена по консултација со обвинителот. Тој додаде дека против полицискиот службеник е изречена суспензија и дека не го познава лично.

Тошковски го обвини СДСМ дека го брани ДУИ и ги штити своите интереси.

Претходно, СДСМ побара од Тошковски да ја каже вистината за бегството на Груби, заканувајќи се дека ќе го откријат целосно скандалот ако не го направи тоа во рок од 24 часа. Тие го обвинија Тошковски дека учествувал во „добро организирана операција“ за помагање на бегството на Груби.

Тошковски одговори дека нема да ги тужи за клевета и им даде шанса да се оправат со времето.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: