Тојота го претстави новиот концепт на електричен автомобил, именуван како „ME.WE“.Новиот концепт на Тојота го придвижува електричен мотор кого го напојуваат батерии под подот. Структурата на автомобилот е од алуминиум на кој се закачени полипропиленски плочи, па вкупната тежина на возилото изнесува само 750 килограми.Полипропиленските плочи целосно се рециклираат, што е последица на напорите на Тојота да не делува штетно врз околината ниту при производството на своите возила. Во согласност со ова, во изградбата на подот на „ME.WE“ е користен бамбус.Покрај тоа што се рециклираат, полипропиленските плочи можат лесно да се менуваат што овозможува широк спектар на опции за персонализација на овој автомобил кој по својата форма е направен во исто време да биде пикап, градски автомобил и кабриолет.
МакфаксТојота го претстави новиот концепт на електричен автомобил, именуван како „ME.WE“.Новиот концепт на