Социјалните мрежи “се запалија“ од снимка од Будва на која се гледа момче како виси од тераса. Причината, нормално си ја знае само момчето, а претпоставки има повеќе – од таа дека се работи за утринска гимнастика, преку прељуба, па се до таа дека момчето само си го загубило клучот. Тој некое време висел на терасата каде е и снимен, по што се спуштил и си заминал. За што точно се работи засега нема информации и прашање е дали воопшто ќе ги има, но вашата фантазија може да работи слободно додека го гледате видеото.