Менаџерот на англискиот великан Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг првпат се појави во јавност после контроверзното интервју на Кристијано Роналдо пред стартот на СП во Катар во кое португалскиот ас посочи дека не го почитува менаџерот, зашто менаџерот не го почитувал него.
Роналдо после интервјуто ја раскина соработката со Јунајтед, шест месеци пред истекот на договорот откако се врати по 12 години на „Олд Трафорд“, па Тен Хаг господски му одговори, не сакајќи да ја разгори преписката со суперѕвездата.
„Ни доаѓа трансфер-период, имаме заминување на Роналдо, како ја решивте таа ситуација?“, беше прашањето на клупскиот новинар.
„Тој (Роналдо – н.з.) си замина. Тоа е минато, сега гледаме само напред кон иднината“, му одговори Тен Хаг.