Мина Јоксимовиќ е ќерка од првиот брак на еден од најпопуларните пејачи во регионот, Жељко Јоксимовиќ.
Таа наследила извонреден талент за музика од нејзиниот татко, кој допрва треба да го потврди и докаже, иако за тоа има се’ уште време.

Мина често објавува фотографии со татко и, а ретко кога објавува понекоја фотографија и со својата мајка Весна, првата сопруга на Јоксимовиќ.

Бидејќи нејзината мајка не сака да биде експонирана во медиумите, Мина ретко ги постира заедничките фотографии со мама Весна.



