После само шест месеци откако дојде од шпански Леванте во турскиот првак Трабзонспор, Енис Барди ќе мора по се изгледа да си бара нов клуб, откако денеска медиуми блиски до гигантот од црноморското крајбрежје решил да го продаде до крајот на преодниот рок.
Трабзон за Барди плати три милиони евра отштета за да го донесе во своите редови, но сега наводно, како што пишуваат дел од турските медиуми, раководството не е задоволно од македонскиот фудбалер за врска и тие веќе му порачале на менаџерот да му бара нов клуб на својот клиент.
Од друга страна, менаџерот на Барди им порачал дека Барди нема планови за заминување, што значи дека сега „топката е во раце на клубот“ кој ако сака да се раздели ќе мора да најде начин за да го продаде.