Трагедијата во Кочани: “Пулс” бил затворен од УЈП во декември

На 16 март, настана незапамтена трагедија во дискотеката „Пулс“ во Бел Рид, Кочани, каде што 59 млади изгубија живот, оставајќи многу семејства во длабока тага. Целата Македонија жали, граѓаните изразуваат сочувство, а властите ветуваат длабока истрага и санкции за сите учесници во несреќата. Дополнителен шок беа откритијата од синоќешната емисија „Код“ на Телма телевизија, која донесе нови детали. Истрагата на „Код“ покажа дека фирмата „МММ Кафе ДООЕЛ Кочани“, која била одговорна за дискотеката, имала блокирана банкарска сметка од јули 2024 година. Според податоците на „Код“, даночните инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) извршиле контрола на 21 декември 2024 и утврдиле дека нема издадени фискални сметки, што резултирало со санкционирање на сопственикот и затворање на дискотеката. Нејасно е како објектот успеал повторно да започне со работа.
The post Трагедијата во Кочани: “Пулс” бил затворен од УЈП во декември appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: