Во дискотека во Кочани, каде што избувнал пожар за време на концерт на популарен бенд, се забележани најмалку 50 жртви. Пожарот, според неофицијални податоци, настанал околу 3 часот наутро, поради употребата на пиротехнички ефекти, во моментот кога во просторот имало околу 1.500 посетители. Повредените лица се пренесени во болниците во Кочани и Штип. Во Клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје досега се примени 27 повредени. Според првичните извештаи од Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, повеќе од 100 млади луѓе се ранети. На терен се сите релевантни служби, вклучувајќи јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани. „Бројот на загинати и повредени се уште се проверува. Продолжуваат активностите и се врши детално истражување. Од Јавното обвинителство соопштија дека јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите од ОЈО Скопје и ОЈОГОКК се упатуваат кон Кочани. Ќе бидат обезбедени сите можности на обвинителствата за брзо реагирање“, информираат од Јавното обвинителство.
The post Трагедија во дискотека во Кочани: повеќе од 50 жртви > Опсервер appeared first on 365.mk.


