Трагедија: Во Куманово пожар пеплоса куќа, почина жена

Седумдесет и едно годишната М.Л. го загуби животот во пожар кој избувнал во нејзината куќа.
Од полицијата информираат дека пожарот избувнал околу 20:40 часот во с.Доброшане, на место викано „Студена вода“, во куќата сопственост на М.Л., при што куќата целосно изгорела.
Од здобиените повреди при пожарот, М.Л. починала.


Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.