ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Четири годишно дете падна од трактор и почина на лице место!

Вчера во 13:45 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Делчево, додека Д.Г.(43) од Делчево управувал трактор „ИМТ 533“ со делчевски регистарски ознаки, од тракторот паднало четиригодишно дете, кое се превезувало на тракторот и кое се здобило со повреди.
Детето било пренесено во Јавната здравствена установа Кочани, каде била констатирана смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Делчево, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.