Денес околу 15:25 часот било пријавено дека во сопствениот дом на улицата “Македонски револуционери“ во Пробиштип починат бил пронајден 52-годишниот М.Т.
Според првичните сознанија, смртта најверојатно настапила како последица од труење од истечена плинска боца. Починатиот М.Т. бил пронајден од неговиот брат Б.Т.(55), кој кога влегол во просторијата исто така паднал во бесознание. На помош му притекнале роднини кои го пренеле во Медицинскиот центар Штип, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на настанот е извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.