Трагедија во синагога во Питсбург

Како што објавија локалните власти напаѓачот Роберт Бауерс (46), кој пукаше во синагогата во Питсбург, убил најмалку 11 лица, а повредил повеќе од десетмина. Нападот се случил во близина на синагогата „Дрво на животот“, додека верниците биле собрани на редовната служба за сабат, каде што истовремено била одржана церемонијата на давање име на бебе.
Напаѓачот влегол во синагогата и отворил оган врз присутните, а официјалните лица изјавија дека 11 лица се убиени. Американските медиуми објавија дека повеќе од 10 лица се повредени, вклучувајќи и шестмина полицајци. Официјални лица излегоа со информација дека меѓу ранетите се четворица полицајци.
“Во нападот загинаа 11 луѓе“, рече директорот за јавна безбедност на Питсбург Вендел Хајриш на прес-конференцијата и додаде дека меѓу жртвите нема деца.
Според информацијата на властите напаѓачот се предал и бил ранет во судир со полицијата. Беше уапсен и идентификуван како Роберт Бауерс. Си-Ен-Ен објави дека додека пукал извикувал антисемитски пораки како “сите Евреи мора да умрат“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.