Убиецот е таксистот Игор Наѓ, кој при апсењето се самоубил. Такси возило “Шкода Октавија“ кое го возел е пронајдено на подрачјето на Брезовица, пишува “Јутарњи лист“, а радио “Сљеме јавува дека шесткратниот убиец е од Вуковар. Жртви на незапамтениот злочин извршен вчеравечер се три жени, двајца мажи и едно 10-годишно дете. Убиени се сестрите Маја и Јосипа Т. , а десетгодишното дете најверојатно бил син на Маја. Седуммесечното бебе, најдено неповредено на местото на масакрот е дете на убиецот, кој извршил самоубиство за време на апсењето.
По извршеното убиството, Игор Наѓ се дал во бегство, а полицијата по повеќечасовна потрега го нашла утрово околу 4 часот на подрачјето на Брезовица , каде при апсењето се самоубил.
Засега не се знаат мотивите за повеќекратното убиство, едно од најгрозоморните во Хрватска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.