ТРАГЕДИЈА! ГРОМ УБИ ТРИ ЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА СОФИЈА: Повеќе од 800 удари за помалку од еден час, жртвите загинаа во парк!

Три лица загинаа вчера кога гром удри во мал парк во центарот на Софија, а уште еден маж е пренесен во болница во критична состојба, соопшти МВР.

ТРАГЕДИЈА! ГРОМ УБИ ТРИ ЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА СОФИЈА: Повеќе од 800 удари за помалку од еден час, жртвите загинаа во парк!

Мажот кој е пренесен во болница има изгореници на 20 отсто од телото и е од сириско потекло, соопштија болничарите.

Локалните медиуми јавуваат дека и трите жртви се Сиријци, но портпаролот на МВР изјавил дека идентитетот на жртвите допрва ќе се утврдува.

Во Софија вечерва за помалку од еден час се забележани повеќе од 800 удари од гром, објавија метеоролозите, а обилниот дожд ги поплави подземните премини во центарот на главниот град.

Снемало струја во некои предградија и околните села.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.