Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго

Најмалку 28 лица загинаа при превртување на брод на реката Конго, во истоимената земја во Централна Африка, соопштија денеска локалните власти.

Околу 200 патници се спасени, додека засега неутврден број се водат како исчезнати.

Несреќите со чамци се чести на реката Конго и езерата во земјата поради честата употреба на импровизирани чамци кои речиси секогаш се преоптоварени. Поголемиот дел од населението во северозападниот дел на земјата ги користи реките за патување поради недостиг на проодни патишта и затоа што тоа е поевтин начин за патување.

Владата на Конго ја забрани ноќната пловидба по реките во земјата за да спречи несреќи, но многу луѓе ја игнорираат наредбата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.