Тројца планинари загинаа завчера на врвот Монт Еверест, а во текот само на оваа недела седуммина ги загубија животите, што е повеќе од бројот на загинати во текот на целата мината година.
Тројца планинари завчера загинаа од исцрпеност при спуштање од врвот Монт Еверест. Освен тоа, во последните денови е забележан вистински метеж на врвот и покрај молбите на локалните организации да се ограничи бројот на издадени дозволи. Непал издаде 381 дозволи за пролетната сезона за искачување на највисокиот врв на светот, а секоја од дозволите чини 10.000 долари.
Двајца планинари од Индија, Калпан Дас (57) и Нихал Багван (27) загинаа при спуштањето од Монт Еверест. Според локалните организатори, овие планинари заглавиле на врвот цели 12 часа поради метежот на врвот и не можеле да почнат со спуштањето.
65- годишен планинар од Австрија, пак, починал на северната, тибетанска страна на планината. Сите тие биле исцрпени поради чекањето да се расчисти метежот за да можат да се симнат.