Пет малолетнички на 15-годишна возраст загинаа, а неколкумина нивни врсници се повредени во пожар што синоќа избувна во таканаречен „Ескејп рум“ во Полска. Тие учествувале во игра во која сите гости се заклучени во соба, а за да излезат од таму треба да решат низа загатки и логички предизвици.
Според првичните информации на полската полиција, малолетниците славеле роденден во просторијата, а причините за избувнување на пожарот се уште не се познати.