Трагедија, поголема отколку што се пренесуваше во првите моменти-13 загинати и петмина во животозагрозувачка состојба

Има голем број повредени, 13 се загинати, а петмина се во сериозна животозагрозувачка состоба. Најголем дел од повредените и загинатите се од Гостивар. Ги посетив семејсвата, не се моменти за да се распрашува за детали. Се преземаат сите неопходни мерки, изјави градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.
Шпекулациите дека причините за трагедијата се здрвствени проблеми на возачот отпаѓаат, тој е жив и се наоѓа во стабилна состојба во болница.
За причините на трагедијата ќе мора да ги почекаме МВР и Јавниот обвинител, рече портпаролот  на МВР Тони Ангеловски. Министерот Спасовски беше тука, но со министерот Филипче замина во болница, кажа тој.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: