Њујоршката полиција потврди дека во автомобил “Хонда“ паркиран во Бронкс биле најдени две бебиња, машко и женско, без свест . Подоцна било констатирано дека се починати Мариза и Феникс Родригез. Нивниот 39- годишен татко, Хуан Родригез, е обвинет за убиство.
Не знаев дека се таму изјави тој пред полицајците, откако ги оставил своите две деца близначиња во врел автомобил осум часа. Едногодишните близнаци биле на задното седиште од неговиот автомобил пред болницата во која работел како социјален работник. Автомобилот го оставил во 8 часот, а се вратил во 16 часот.
Дури кога тргнал, сфатил дека близнаците се во автомобилот. Излегол и почнал да вреска. Лекарите не можеле ништо да направат. Полицијата го привела таткото со обвинение за смртта на двете деца кои неодамна го прославиле првиот роденден.
– Ова е голем шок за нас. Неодамна имаа забава во градината во која го славеа нивниот роденден. Имаат и четиригодишен син. Никогаш не сум забележал дека ги запоставуваат децата ниту дека ги пуштаат сами надвор без надзор. Беа добри родители. Како сега да живеат со ова?, раскажа неговиот сосед за “Њујорк Тајмс“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.