Трагедија: Репрезентативец на Грција пронајден мртов!

Фудбалерот на Панатинаикос и грчката репрезентација Џорџ Баладок е пронајден мртов вечерва во базен во својот дом во Атина, пренесуваат грчките медиуми

Баладок бил пронајден под вода и веќе било доцна да се спаси. Деталите за трагедијата се уште не се познати.

31-годишниот фудбалер летово се пресели во Атина откако стана играч на Панатинаикос. Роден е во Англија каде што го помина и целиот живот, а за грчката репрезентација почна да настапува во 2022 година благодарение на неговата баба која била Гркинка.

Кариерата ја започна во Милтон Кејнс Донс, а помина и седум години во Шефилд за кој одигра 83 натпревари. Дресот на репрезентацијата на Грција го носеше на 12 натпревари.

Пронајдете не на следниве мрежи: