Трагедија! Скопјанка загина во сообраќајка во Грција, уште три девојки се повредени

Жена од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во Грција која се случила во близина на градот Нисели, на автопатот кој од Солун води кон Верија и Игуменица во западна Грција, а три девојки се повредени.

Според грчките медиуми, загинатата е 30-годишна скопјанка, додека три жени кои биле со неа во автомобилот се повредени.

Една од повредените Македонки била интубирана и пренесена во болница во Солун од грчката спасувачка служба. Сериозни повреди има и жена на 27-годишна возраст која е на операција во болницата во градот Верија.

Медиумите пишуваат дека, сообраќајката се случила на пет километри по излезот Нисели во правец на Солун кога се судриле три возила.

За извлекување на девојките од првото возило била потребна помош од пожарникари кои ги пресекла вратите за да можат да ги извлечат.

Уште едно лице, маж на 74 години е повреден во несреќата во која загина туристка од Македонија. Во несреќата се судриле три возила.

Пронајдете не на следниве мрежи: