Еден човек загина во експлозија на плинска боца што се случи во семејна куќа во Куманово, известија вечерва од СВР Куманово. Според полициските информации, денеска во 20:23 часот било пријавено дека во дом на улицата „Ѓорче Петров“ избувнал пожар предизвикан од експлозија на плинска боца. Како резултат на експлозијата, сопственикот Л.Д. (60) од Куманово загина. Лекар ја потврди смртта, а истрагата сè уште е во тек, изјавија од СВР Куманово.
The post Трагичен инцидент со плинска боца во Куманово appeared first on 365.mk.