Трагичен случај: Баба починала откако конзумирала супа од кеса која била контаминирана!?

Во тек е истрага откако една постара жена почина во болница, а се сомнева дека причина за смртта е супа од кеса која можеби била контаминирана.Во Рим, пензионерката заедно со ќерката конзумирала супа од кеса, по што набрзо почувствувале болка.Била хоспитализирана, но за жал, за оваа баба немало спас – починала од труење, пренесува српскиот портал „Република“.Истрагата е во тек и е доверена на Одделението за борба против измами и здравствена заштита, а Јавен обвинител покренал случај за убиство од небрежност. Ќерката која сè уште е во тешка состојба била една недела на интензивна нега. Жената на здравствените работници им кажала дека ја пробала и храната што ја консумирала нејзината мајка. Истрагите сè уште се во тек, но се комплицирани поради доцнењето на поднесувањето на извештајот.ASL презеде акција со набавка на пакети од супата, но предметната серија сега е повлечена бидејќи е истечен и затоа е заменета со друга.Во моментов се истражува дали бактеријата веќе била во супата или бабата во меѓувреме на неадекватен начин ја складирала супата и другата храна.

Пронајдете не на следниве мрежи: