Дојде и тој ден. Најубавата баба повеќе не е сингл. Судбоносното „ДА“ му го кажа на згодниот Италијанец, кој го нарекува „Господин Совршен.
50-годишната Жаклина Пизано е најпозната и сигурно најмодерна српска баба на Инстаграм. Деталите од својот приватен живот долго ги споделуваше јавно, а сега се омажи и сите детали од свадбата ги сподели на социјалните мрежи.
Името на младоженецот се уште не е познато, но познат е надимакот „Господин Совршен3 кој го доби од својата сопруга.
Раскошната церемонија била одржана во луксузен амбиент на југот од Италија, а невестата променила дури 4 венчаници.
Освен две бели, блеснала и во жолт фустан од тул, достоен за една принцеза.
Судејќи според нивните заеднички фотографии, заедно се уште од 2016 година, а истата година на Божиќ, трагично настрадал синот на Жаклина, Стефан, кој го добила од првиот брак.