Традицијата вели – кога починува Папа, англиски клуб освојува ЛШ

Фудбалерите на Арсенал вечерва на „Емирати“ стадионот во Лондон го пречекуваат Пари Сен Жермен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. Дуелот започнува во 21 часот, а традицијата е на страната на англискиот гигант.
Како што се ближи крајот на елитното европско натпреварување, така натпреварите стануваат сѐ поинтензивни и поважни. И Арсенал и ПСЖ никогаш досега не успеале да го освојат трофејот од Лигата на шампионите, па победникот од овој двомеч ќе биде на чекор до историја.
Во финалето ги чека тежок предизвик, подобриот од дуелот Барселона – Интер, два клуба кои веќе го имаат подигнато престижниот пехар. Арсенал и ПСЖ во последните 20 години се сретнале пет пати и во тие натпревари лондонскиот клуб има три победи и два натпревари завршиле со реми.
Последен пат овие два тима играа во првата фаза од оваа сезона, кога Арсенал на свој терен ги совлада гостите од Париз со 2-0, благодарение на головите на Хаверц и Сака.
Интересен детал што повторно се споменува е необичната традиција, кога ќе почине папа, англиски клуб освојува европски трофеј. Сѐ започнало во 1978 година кога почина Папата Павле Први, а Нотингем Форест ја освои титулата во Купот на шампионите. Во 2005 година, по смртта на Папата Јован Павле Втори, Ливерпул го направи епскиот пресврт против Милан во Истанбул. Во 2022 година, по смртта на Папата Бенедикт XVI, Манчестер Сити триумфираше во финалето против Интер.
Сега, по веста дека Папата Франциско почина на 21 април, единствениот преостанат англиски клуб во Лигата на шампионите е токму Арсенал.
The post Традицијата вели – кога починува Папа, англиски клуб освојува ЛШ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: