петок, 20 ноември 2026
Најново

Трамвај влета во продавница за компјутери во центарот на Осло

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Трамвај влета во продавница за компјутери во центарот на Осло, при што се повредени четири лица. Во моментот на несреќата, во трамвајот имало 20 патници.Полицијата кажа дека четирикатната зграда била евакуирана, со цел да се испита за структурални оштетувања.Снимките од местото на несреќата покажуваат дека голем дел од првиот вагон на трамвајот е навлезен во продавницата, откако тој излетал од шините на една од главните улици во Осло.„Се испитуваат размерите на несреќата, но има големи штети во продавницата. Меѓу повредените е и возачот на трамвајот“, кажа полицијата.Причините за несреќата засега не се познати. Никој од повредените не е во тешка состојба.

Поврзани вести