Во тешка сообраќајна несреќа која се случи утрово во центарот на Белград при што трмвај излета од шините загина едно, а повредене се пет лица. Несреќата се случила кога автомобил “Дачија“ поминал на црвено и се удрил во предниот дел на трамвајот. Од силата на ударот трамвајот излегол од шините, удрил во дрво и прегазил пешак, кој починал на местото на несреќата.
Според неофицијални информации, повредени се пет лица, вклучувајќи го и возачот на автомобилот. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Белград, а двајца од нив се во критична состојба.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.