сабота, 28 ноември 2026
Најново

Трамп: Ако ги добиев Москва и Ленинград, медиумите со лажни вести ќе рекоа дека тоа бил лош договор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше начинот на кој медиумите известуваат за неговата претстојна средба со рускиот претседател Владимир Путин, која ќе се одржи во петок.Трамп: Ако ги добиев Москва и Ленинград, медиумите со лажни вести ќе рекоа дека тоа бил лош договор„Многу нечесните медиуми работат напорно за да го покријат мојот состанок со Путин. Тие постојано цитираат отпуштени губитници и навистина глупави луѓе како Џон Болтон, кој штотуку изјави дека иако состанокот е на американска почва, „Путин веќе победил““, напиша Трамп на Truth Social.„Што воопшто значи тоа? Ние добиваме СÈ. Лажните медиуми работат прекувремено (без данок на прекувремена работа!). Да ги добиев Москва и Ленинград (Санкт Петербург од 1991 година) бесплатно, како дел од договор со Русија, лажните медиуми ќе рекоа дека сум направил лош договор!“„Но, сега се фатени. Погледнете ги сите вистински вести што излегуваат за нивната КОРУПЦИЈА. Ова се болни и нечесни луѓе кои веројатно ја мразат нашата земја. Но, тоа не е важно бидејќи ние победуваме во сè!!! МАГА“, напиша Трамп на Твитер.

Поврзани вести