Трамп: Ако победам, ќе го назначам Маск за шеф на комисија за надзор на ефикасноста на владата

Поранешниот американски претседател со недели разговарал со соработниците за идејата за таква комисија за преглед на владините операции, изјавија извори за Ројтерс. Сега за прв пат ја претстави идејата јавно, во говор пред Економскиот клуб во Њујорк, објави Гардијан.

Тоа е, исто така, прв пат Трамп да објави дека Маск прифатил да го води тоа тело. Тој не прецизира како ќе функционира таквата комисија, освен дека ќе излезе со план за елиминирање на „измамата и неправилните плаќања“ во првите шест месеци од нејзиното постоење.

„По совет на Илон Маск, ќе формирам комитет за владина ефикасност, кој ќе спроведе сеопфатна финансиска ревизија и преглед на работата на целата сојузна влада, по што ќе даде препораки за драстични реформи“, рече републиканецот.

На 19 август, Маск во подкаст рече дека е во разговори со Трамп на оваа тема и дека е заинтересиран да се приклучи на комисијата.

„Подготвен сум да ѝ служам на Америка доколку се укаже можност“, напиша денеска Маск на својата платформа X.

Пронајдете не на следниве мрежи: