Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека до крајот на денешниот ден најверојатно ќе одлучи дали ќе предложи царини од 25 отсто за увоз на нафта од Мексико и Канада, чија примена ќе стапи на сила на 1 февруари.
„Можеби ќе направиме, можеби нема. Веројатно ќе донесеме одлука за тоа вечерва“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, пренесе Ројтерс.
Трамп постојано ги предупреди Мексико и Канада, кои се најголемите трговски партнери на САД, дека ќе воведе царини за нив доколку тие две земји не го запрат шверцот на дрогата фентанил, како и мигрантите преку границите на САД.



