сабота, 28 ноември 2026
Најново

Трамп воведе дополнителни тарифи за Индија за купување руска нафта: Стапката за оваа земја сега е 50 проценти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Белата куќа официјално објави дека воведува дополнителни царини од 25 проценти за Индија поради директен или индиректен увоз на руска нафта.Вкупната царинска стапка за оваа земја сега ќе биде 50 проценти.Тарифата беше воведена со претседателска извршна наредба потпишана денес од американскиот претседател Доналд Трамп.Во декретот, објавен на веб-страницата на Белата куќа, се наведува:„Добив дополнителни информации од разни високи функционери во врска со, меѓу другото, активностите на Владата на Руската Федерација во врска со ситуацијата во Украина. По разгледувањето на овие дополнителни информации, меѓу другото, верувам дека националната вонредна состојба опишана во Извршната наредба продолжува и дека активностите и политиките на Владата на Руската Федерација продолжуваат да претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави.“Трамп пред два дена објави дека планира драстично да ги зголеми царините за Индија поради купувањето руска нафта.„Индија не само што купува огромни количини руска нафта, туку го продава поголемиот дел од нафтата што ја купува на отворениот пазар за огромни профити. Не им е гајле колку луѓе се убиени во Украина од страна на руската воена машинерија. Затоа значително ќе ги зголемам царините што Индија им ги плаќа на САД“, напиша Трамп на Truth Social.

Поврзани вести