Трамп воведува нови царини за дрвена граѓа и мебел

Американскиот претседателот Доналд Трамп нареди воведување на 10 отсто царини на увозот на меко дрво и граѓа, како и 25 отсто давачки на кујнски елементи, тоалетни масички и тапацирани дрвени производи, што претставува негов најнов обид да ги искористи увозните даноци за зајакнување на домашното производство.

Царините треба да стапат во сила од 14 октомври, а дел од зголемувањата ќе стапат на сила на 1 јануари, според прокламацијата потпишана во понеделник. Тие следат по истрага на Министерството за трговија за увоз на граѓа, дрво и сродни производи што започна во март.

Трамп изјави дека планираните мерки ќе „ги зајакнат синџирите на снабдување, ќе ја поттикнат индустриската отпорност, ќе создадат квалитетни работни места и ќе ја зголемат домашната искористеност на капацитетите за дрвени производи.“

Пронајдете не на следниве мрежи: