среда, 25 ноември 2026
Најново

Трамп ги угости Кристијано Роналдо и Илон Маск во Белата куќа: Вечерата се претвори во шоу

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо присуствуваше на вечера во Белата куќа заедно со престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, и американскиот милијардер и сопственик на „Тесла“, Илон Маск.

Пред настанот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е чест да биде домаќин на Роналдо , кој со својата улога во саудиската фудбалска лига стана лице на модернизацијата на земјата под водство на престолонаследникот, објави денес Би-Би-Си.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претставник на Белата куќа претходно го потврди присуството на Роналдо, но не прецизираше дали тој бил дел од официјалната делегација на Бин Салман.

За време на говорот, Трамп ги пофали поблиските врски со Саудиска Арабија и ја нарече „важен партнер надвор од НАТО“, истакнувајќи дека неговиот син е голем обожавател на Роналдо.

На вечерата присуствуваа Илон Маск , како и водечки бизнис лидери, вклучувајќи го и извршниот директор на „Епл“, Тим Кук.

Роналдо претходно го нарече Бин Салман „шеф“ во едно интервју и учествуваше на настани на саудиското Министерство за туризам, истакнувајќи ги амбициите на Саудиска Арабија за Светското првенство во 2034 година.

The post Трамп ги угости Кристијано Роналдо и Илон Маск во Белата куќа: Вечерата се претвори во шоу appeared first on Во Центар.

Поврзани вести