Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот потпиша извршна наредба за укинување на царините за широк спектар на производи, вклучувајќи говедско месо, кафе и тропско овошје.
Оваа одлука доаѓа како одговор на растечкиот притисок од потрошувачите, кои се жалат дека цените на храната се превисоки.
Трамп рече дека царините – кои претходно ги воведе за да го заштити домашното производство – „во некои случаи“ можеби придонеле за зголемување на цените.
Тој додаде дека многу од царините ги одржувале други земји, но сега нивното отстранување има за цел да го олесни товарот врз Американците.
Извршната наредба вклучува отстранување на царините за 100 производи – чај, овошен сок, какао, зачини, банани, портокали, домати и некои видови ѓубрива, објави АП њуз .
The post Трамп ги укинува царините на 100 прехранбени производи – листата вклучува мисирка, кафе и овошје appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



