ТРАМП ГО ЗАЈАКНУВА ТИМОТ ЗА УТРЕШНИОТ СОСТАНОК ЗА ГРЕНДЛАНД: Го става овој човек во игра за да биде со Марко Рубио (ФОТО)

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс ќе се придружи на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд и американскиот државен секретар Марко Рубио, објави британскиот весник „Гардијан“.

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен по состанокот на Комитетот за надворешни работи на данскиот парламент изјави дека Венс сака да учествува во разговорите и дека тој ќе биде домаќин на состанокот во Белата куќа.

Расмусен рече дека Данска и Гренланд побарале разговори со САД за најновите случувања во Гренланд , по сè поупорните барања од американските претставници, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, САД да ја преземат контролата врз Гренланд.

Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјави дека ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, и дека темата на состанокот ќе биде „безбедносни прашања во и околу Арктикот“.

Паралелно со утрешните разговори меѓу данските и американските претставници, ќе се одржи и состанок на Контактниот комитет за надворешна, безбедносна и одбранбена политика на Данска, Гренланд и Фарските Острови.

„Трите земји ќе имаат можност да разговараат за политичката и економската ситуација“, се вели во соопштението на данската влада.

Претходно истиот ден се појави информација дека, во пресрет на состанокот, Данска одлучила да ѝ понуди на Америка да воспостави десет нови бази во Гренланд.
The post ТРАМП ГО ЗАЈАКНУВА ТИМОТ ЗА УТРЕШНИОТ СОСТАНОК ЗА ГРЕНДЛАНД: Го става овој човек во игра за да биде со Марко Рубио (ФОТО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: