Трамп го избра Мет Витакер за американски амбасадор во НАТО

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го избра Мет Витакер за нов американски амбасадор во НАТО. Витакер беше вршител на должноста јавен обвинител за време на првиот мандат на Доналд Трамп.

„Мет е силен воин и лојален патриот, кој ќе се погрижи интересите на САД да се унапредат и бранат“.
„Мет ќе ги зајакне односите со нашите сојузници во НАТО и ќе застане цврсто пред заканите за мирот и стабилноста – тој ќе ја стави Америка на прво место“, нагласи Трамп во соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи: