Трамп го исклучи канадскиот премиер од Советот за мир

По говорот на Светскиот економски форум во Давос, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја повлекол поканата до канадскиот премиер Марк Карни да се приклучи на „Одборот за мир“.

Веста беше објавена преку официјално писмо до Карни, во кое Трамп нагласува дека Одборот за мир одлучил да ја повлече поканата за вклучување на Канада во овој форум.

„Почитуван премиере Карни, ве молам дозволете ова писмо да послужи како известување дека Одборот за мир ја повлекува поканата што ви е упатена во врска со членството на Канада во она што ќе биде најпрестижниот Одбор на лидери некогаш свикан, во кое било време“, се вели во писмото на Трамп, кое тој го објави на социјалните медиуми.

Трамп не даде дополнителни детали за причините за оваа одлука, а немаше итна реакција од канцеларијата на канадскиот премиер.

Овој развој на настаните доаѓа во време на политички тензии и силни изјави на Трамп кон традиционалните сојузници на САД, особено по прашања од надворешната политика и глобалната безбедност.

„Одборот за мир“, промовиран од Трамп, е претставен како елитна платформа која има за цел да ги собере светските лидери за дискусии за меѓународниот мир и стабилност.

Инаку, Косово е една од државите основачи на овој одбор и е претставена од претседателот Вјоса Османи. 
The post Трамп го исклучи канадскиот премиер од Советот за мир appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: