понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Трамп го решава проблемот: Белата куќа купува остров?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

САД разгледуваат план за купување на островите Чагос од Маврициус, доколку Велика Британија му отстапи суверенитет на Маврициус над островите, каде што се наоѓа стратешки важната британско-американска воена база „Диего Гарсија“, изјави американски функционер запознаен со разговорите.

Американски функционер за британскиот „Телеграф“ изјави дека Белата куќа имала редовни разговори со Даунинг стрит за иднината на базата Диего Гарсија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Купувањето на островите е една од неколкуте опции што ги изготви администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во документ чија цел е да обезбеди алтернативи на планот на британскиот премиер Кир Стармер за предавање на суверенитетот над островите на Маврициус.

Во април, британската влада го суспендираше договорот за пренос на суверенитетот над островите Чагос на Маврициус, каде што се наоѓа американско-британската воздухопловна база Диего Гарсија.

Трамп во февруари изјави дека договорот за префрлање на суверенитетот над островите Чагос на Маврициус е „голема грешка“.

Поврзани вести