„Имаме договор за минералните ресурси за кој мислам дека ќе биде потпишан во четврток, следниот четврток. Наскоро. И очекувам дека тие (Украинците) ќе го почитуваат договорот. Ќе видиме. Но имаме договор за тоа“, им кажа Трамп на новинарите во Белата куќа.
Американскиот претседател инсистира на договорот за да се надомести американската помош која веќе му е дадена на Киев од почетокот на конфликтот во Украина.
Трамп кажа дека не го смета украинскиот колега Володимир Зеленски за „одговорен“ за војната во Украина, но продолжи да го критикува.
„Не го обвинувам Зеленски, но не сум баш одушевен што оваа војна почна. Не го обвинувам, но мислам дека не ги направите најдобрите потези. Не сум голем обожавател“, кажа американскиот претседател во Овалната канцеларија покрај италијанската премиерка Џорџа Мелони.