ТРАМП ЗА БРИКС: Нема шанси да го заменaт американскиот долар во меѓународната трговија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно им се закани на државите на БРИКС дека ќе воведе царини од 100 отсто на која било од членките на групата што ќе се обидат да го заменат американскиот долар во меѓународната трговија. 

„Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот, додека ние стоиме и гледаме, заврши“, изјави Трамп, сигнализирајќи го својот цврст став по ова прашање. 

Тој вели дека земјите од БРИКС треба или да се откажат од плановите за нова валута или да го поддржат американскиот долар или да се соочат со тешки економски последици.

„Или ќе се соочат со 100 отсто царини и треба да очекуваат да се збогуваат со продажбата во прекрасната американска економија. Тие можат да одат да најдат друга нација за цицање. Нема шанси БРИКС да го замени американскиот долар во меѓународната трговија, или на кое било друго место, и секоја земја што ќе се обиде треба да се поздрави со царините и збогум на Америка!“, вели Трамп. 

Руските власти велат дека БРИКС не разговара за воспоставување заедничка валута, туку за создавање нови инвестициски платформи.

Трамп исто така претходно ги предупреди земјите од БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – да не бараат замена за доларот како светска валута.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.