Трамп за Mack: Не ми треба за ништо, само ми се допаѓа

Доналд Трамп го спомена милијардерот Илон Маск во изјава за медиумите, пофалувајќи го за „фантастичната работа“ на чело на новоформираното Министерство за владина ефикасност (DOGE).

Тој рече дека „не му треба Маск за ништо, освен што едноставно ми се допаѓа“. Изјавата доаѓа откако Маск ги отфрли извештаите дека планира да ја напушти својата владина улога, нарекувајќи ги таквите тврдења „лажни вести“.

Трамп додаде дека Тесла воопшто не му треба, туку дека ја купил минатиот месец како „знак на поддршка“ за Маск. „Платив многу за тоа, но го користиме возилото во Белата куќа, персоналот го вози“, рече тој.

„Сите се возат во најубавиот автомобил. Прекрасно е“, рече Трамп. Тој објасни дека го купил автомобилот исклучиво во знак на поддршка за Маск. „Тоа го направија и многу други. Тоа е знак на поддршка бидејќи тој заврши фантастична работа, но не беше фер третиран“, заклучил тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: