Доналд Трамп уште еднаш отворено ги обвини Володомир Зеленски и „корумпираниот Џо Бајден“ за започнување на војната во Украина. Трамп додаде дека Путин го почитувал за време на неговиот прв мандат.Војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден, а не моја. Само што пристигнав и за време на моите четири години на функција немаше проблем да се спречи тоа да се случи. Претседателот Путин и сите други го почитуваа вашиот претседател! Немам никаква врска со оваа војска но работам на тоа навремено да се запре смртта и уништувањето. Да не беа наместени претседателските избори во 2020 година, како што беа, на толку многу начини, таа страшна војна никогаш немаше да се случи. Претседателот Зеленски и непријателскиот Џо Бајден направија апсолутно ужасна работа што дозволија да започне оваа трагедија. Имаше толку многу начини да се спречи тоа воопшто да започне. Но, тоа е минато. Мораме да го запреме сега, што побрзо. Ова е жалмо, напиша Трамп.Трамп: Верувам дека Русија по грешка истрела проектили кон центарот на градотДве руски балистички проектили вчера го погодија самиот центар на северниот украински град Суми, при што загинаа најмалку 34 лица, а беа повредени 117, во најсмртоносниот напад врз Украина оваа година, соопштија украинските власти. На нападот реагираше и Трамп.Тој рече дека рускиот напад врз Суми бил страшен.Мислам дека е страшно. Ми кажаа дека направиле грешка. Но мислам дека е страшно. Мислам дека целата војна е ужасна работа. Мислам дека самиот почеток на таа војна беше злоупотреба на моќта. Соединетите држави никогаш немаше да дозволат таа војна да започне ако јас бев претседател. Таа војна е срамота, им рече тој на новинарите на Air Force One на враќање во Вашингтон.Запрашан да разјасни што сака да каже со грешката, Трамп рече: „Тие направија грешка… ќе мора да ги прашате“, без да прецизира на кого точно се мисли или за каква грешка се работи, пренесе агенцијата Франс прес.„Ова е војна на Бајден. Тоа не е моја војна“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Џо Бајден, додавајќи: „Само се обидувам да ја прекинам оваа војна за да можеме да спасиме многу животи“.
Пронајдете не на следниве мрежи: