четврток, 12 ноември 2026
Најново

Првата реакција на Русија по масовниот напад на Киев

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека извршило масовен напад во текот на ноќта врз украинскиот воено-индустриски комплекс користејќи оружје со долг дострел од воздух, копно и море и беспилотни летала.Во соопштението за печатот се наведува дека се погодени фабрики во украинската авијација, ракетна и вселенска индустрија, машинско и производство на оклопни возила, како и капацитети за производство на ракетно гориво и барут, пренесува Ројтерс.Украинските власти објавија дека во текот на ноќта Русија го бомбардирала Киев со ракети и беспилотни летала и дека во нападите загинале најмалку 10, а ранети се 90 лица, пренесува Укринформ.„До 16 часот и 45 минути, бројот на загинатите во рускиот напад на главниот град се искачи на 10 лица, а 90 се повредени“, објави прес-службата на Државната служба за вонредни состојби на Украина на каналот Телеграм.Во нападот беа погодени и регионите Харков, Дњепропетровск, Житомир, Запорожје и Хмелницки.Во главниот град на Украина 25 април е прогласен за Ден на жалост.

Поврзани вести