Алта банка е ликвидна, не е во стечај и постои интерес за нејзино купување, изјави Тони Јаревски по надзорната расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Според него, на расправата биле одговорени сите прашања, а штедните влогови и интересите на доверителите се заштитени. Јаревски нагласи дека во банката е воведена мерка на администрација, а не стечај, и дека нема неисплатени побарувања ниту неисплатени штедни влогови.
Тој побара од вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, да ја објасни законската основа за ограничувањата при располагањето со средствата на граѓаните и компаниите, како и дали се можни олеснувања за правните лица.
Во гостување на Телма, Јаревски рече дека очекува банката да биде продадена.



