Трамп или Бајден? Америка денеска бира претседател
Кој ќе ги добие клучевите од Белата куќа на 4 години? Во кого имаат доверба американците?
Пандемијата го промени начинот и односот кон гласањето од самите американци. Досега пред изборниот ден повеќе од 95 милиони Американци гласаа, од кои повеќе од 60 милиони по пошта.
Американците имаат специфичен модел на избор на претседател кој пак е неприкосновена фигура во системот и потоа ја составува владата односно извршната власт на негов предлог.
Не мора да победи кандидатот кој ќе освои најмногу гласови на ниво на целата земја, туку победува тој што освоил најмалку 270 од 538 т.н. електорски гласачи. Овие гласови се доделуваат на ниво на држава, согласно тоа кој кандидат победил. Секоја држава има различен број на електори.
Пронајдете не на следниве мрежи: