Трамп им порача на Иранците: Отворете го проклетиот теснец, луди копилиња, или ќе живеете во пекол, слава му на Алах

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се обрати до иранското раководство на платформата Truth Social, најавувајќи напади врз енергетски и инфраструктурни цели доколку Ормутскиот теснец не биде отворен до вторник.

Трамп најави дека американските воздухопловни сили ќе ги интензивираат нападите врз енергетскиот систем на Иран, но и врз мостовите, опишувајќи ја таквата стратегија како „ден на електраните и ден на мостовите“.

„Вторник ќе биде Ден на електраната и Ден на мостот, сите споени во едно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете го проклетиот теснец, луди копилиња, или ќе живеете во пекол, само гледајте! Слава на Алах“, напиша Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth.

Од друга страна, портпаролот на централниот штаб на иранската армија, Хатам ал-Анбија, ги предупреди САД и Израел дека секоја понатамошна ескалација ќе наиде на жестоки реакции низ целиот регион.

„Не заборавајте дека ако агресијата се прошири, целиот регион ќе се претвори во пекол за вас“, рече иранскиот портпарол.
The post Трамп им порача на Иранците: Отворете го проклетиот теснец, луди копилиња, или ќе живеете во пекол, слава му на Алах appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: