Претседателот на САД, Доналд Трамп ја укина заштитата од државната безбедност на неговите противкандидатки во двете претседателски изборни кампањи што ги доби – екс американска потпретседателка Камала Харис и екс државна секретарка Хилари Клинтон, која беше и прва дама.
Трамп претходно го укина пристапот до доверливи информации на поранешниот американски претседател Џо Бајден, како и правото на заштита од Тајната служба за децата на Бајден – Хантер и Ешли.