Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека изградбата на балската сала на Белата куќа напредува брзо, како и дека проектот е проширен во споредба со првичниот план и дека ќе бидат потрошени двојно повеќе пари од првично планираните.
Доналд Трамп истакна дека вредноста на проектот се зголемила поради, како што изјави, деталните анализи и повисокиот квалитет во споредба со тоа како изгледал планот за изградба на балската сала претходно.
„Салата за бал брзо се гради на источната страна од Белата куќа. Единствената причина зошто трошоците се променија е тоа што, по деталната анализа, проектот е приближно двојно поголем и со значително повисок квалитет од оригиналниот предлог, што не би било доволно за одржување на потребните настани, состаноци, па дури и идните инаугурации“, напиша Трамп на мрежата Truth Social.
Како што изјави тој, првичната цена била 200 милиони долари, додека двојно поголемиот проект, со највисок квалитет, ќе чини нешто помалку од 400 милиони долари.
„Ќе биде величествено, безбедно и сигурно“, рече тој.
Трамп изјави дека оваа промена е неопходна, дека е направена одамна, но „лажните медиуми“ не ја објавија, обидувајќи се да покажат дека имало пречекорување на трошоците.
„Всушност, проектот напредува пред предвидениот рок и под буџетот“, рече американскиот претседател.
Источното крило на Белата куќа, изградено во 1902 година, беше срушено во октомври за да се направи место за мултимилионска балска сала во која ќе се сместат 1.350 гости.
Белата куќа соопшти дека се очекува проектот да чини 400 милиони долари и дека ќе биде целосно финансиран од приватни донатори.
The post Трамп не запира: Ќе потроши 400 милиони долари за овој проект appeared first on Во Центар.



