Претседателот Доналд Трамп одби да каже дали кревкото примирје меѓу САД и Иран останува на сила, откако двете страни отворија оган во Ормутскиот теснец.
На прашањето синоќа од конзервативниот радио водител Хју Хјуит дали прекинот на огнот со Иран е „завршен“ и дали нападите би можеле да продолжат како што се случија таа вечер, Трамп му одговори на Хјуит: „Па, тоа не можам да ви го кажам“.
„Не би рекле – ако требаше да одговорам на тоа прашање, би рекле дека овој човек не е доволно паметен за да биде претседател“, рече Трамп, пренесува Телеграф.
Претходно, во интервју за „Фокс њуз“, Трамп ги предупреди иранските сили дека ќе бидат „збришани од лицето на земјата“ доколку се обидат да нападнат американски бродови во теснецот или во Персискиот Залив.
Подоцна во интервјуто, тој инсистираше дека војната со Иран, „воено… е во суштина завршена“.
The post Трамп одбива да каже дали прекинот на огнот е сè уште на сила appeared first on Во Центар.



