Трамп одби да каже дали разговарал со Путин

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска одби да каже дали разговарал со рускиот претседател Владимир Путин по завршувањето на неговиот мандат во 2021 година.

Одговарајќи на прашање на новинар на Блумберг во Чикаго, Трамп истовремено додаде дека ќе беше паметно доколку го направеше тоа, пренесуваат британските медиуми.

-Ако тоа го направив, тоа беше паметна работа, рече Трамп.

Пронајдете не на следниве мрежи: